Трамп главна тема на германските карневали

Американскиот претседател, Доналд Трамп е една од главните теми во сезоната на карневалите, што се одржуваат во западна и јужна Германија. Американскиот претседател во сите модели на маски со неговиот лик е опишан во негативна конотација – пренесува агенцијата МИА.

Во Дизелдорф, Трамп е прикажан заедно со екстремно десничарската кандидатка за француски претседател Марин Ле Пен, холандскиот националист Герт Вилдрес и Адолф Хитлер, со порака „Русото е ново кафено“.

На друга маска, Трамп е прикажан како ја силува „Статуата на слободата“, а на трета е прикажана изменета насловната страница на магазинот „Шпигел“ на на која наместо Трамп, Статуата на слободата ми ја сече главата на американскиот претседател.

Предходно поради користење на нивни маски на германските карневали реагираа полскиот политичар Лех Качински и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Додади коментар

Би те интересирало и

Судија одби да ја прекине постапката против режисерот Полански за силување во 1977 години

Судија во Лос Анџелес ја отфрли молбата на жената, силувана од Роман Полански кога била ...

Во престрелки на Флорида загина полицаец, а тројца се ранети

Еден полицаец загина, а тројца се ранети во престрелки што во текот на ноќта беа ...

Close