Трамп и Ердоган ќе се сретнат пред самиот на НАТО во Мај

Во тек се подготовките за состанокот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот американски колега Доналд Трамп, што веројатно ќе се одржи пред самитот на НАТО во мај оваа година, најави денеска портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

Калин на прес-конференцијата во Анкара истакна дека речиси е сигурно оти двајцата лидери ќе се состанат во рамките на самитот на НАТО, но дека се работи на тоа претседателите да се состанат и претходно.

Тој истовремено нагласи дека Турција очекува Европската унија да преземе чекори со цел на државјаните на земјата да се овозможи да патуваат во Унијата без визи.

Во рамките на договорот што минатата година го постигнаа Турција и Европа, Анкара прифати да го запре протокот на илегални мигранти во Европа, барајќи за возврат укинување на визите за ЕУ и финансиска помош.

Примената на договорот, меѓутоа, е запрена поради спротивставените мислења на Анкара и Брисел за закиноте за борба против тероризмот во Турција, што ЕУ ги критикува.

Преземено од: А1ОН

Би те интересирало и

Божикното дрво што преживеа удар од гром пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска преживеа удар од гром, поставено е на ...

САД ќе испратат авиони на заедничка вежба со Јужна Кореја

Соединетите Американски Држави ќе испратат авиони од типот „Ф-22“ во Јужна Кореја, каде би требало ...