Трамп писмено го извести Конгресот за својата одлука да ја нападне Сирија – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Трамп писмено го извести Конгресот за својата одлука да ја нападне Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп писмено го извести Конгресот за одлуката за американските ракетни напади врз Сирија.

Според американски закони, претседателот е должен да го извести Конгресот во рок од 48 часа за такви акции.

Во писмо испратено вчера до лидерите на Конгресот, Трамп нагласува дека спроведувањето на воената акција е одговор на користењето хемиско оружје од страна на сириската Влада, вклучително и нападот од 7 април во градот Дума кој предизвикал многу цивилни жртви.

Американскиот претседател наведува дека дејствувал согласно уставните овластувања во интерес на националната безбедност и надворешната политика на САД со цел „стабилност во регионот, запирање на крвопролевањето и спречување на ширење хемиско оружје, како и спречување на хуманитарната катастрофа во регионот“.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Умерен земјотрес во Турција, 13 лица повредени

Најмалку 13 лица се повредени во денешниот земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата ...

Обдукциите не отркиле ништо сомнително околу смртта на ди-џеј Авичи

Обдукциите над телото на шведскиот ди-џеј Тим Берглинг, попознат како ди- џеј Авичи, не покажале ...