Трамп потпиша указ за создавање на комисија за проверка на изборни измами

Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша указ за создавање комисија што ќе ги проучува тврдењата за измама на претседателските избори од 2016 година – јави ДПА. Комисијата ќе предводи потпретседателот на САД, Мајк Пенс и од државниот секретар на државата Канзас, Крис Коубаш.

Тие ќе ги проверат тврдењата за незаконско гласање, за изборни измами или прекршоци при регистрација на гласачите во одредени држави, за време на минатогодишните претседателски избори во САД.

Трамп изјави, без да приложи докази за неговите тврдења, дека меѓу три и пет милиони лица гласале незаконски на изборите со неговата ривалка од Демократската партија на САД Хилари Клинтон. На 27 ноември Трамп напиша на неговиот Твитер налог дека тој ќе ги добиел гласовите од народот, доколку се извадат милионите лица, кои гласале нелегално.

Во комисијата ќе има и републиканци и демократи.

Додади коментар

Би те интересирало и

Група млади пратеници во првите редови на протестите во Венецуела

Група млади пратеници се во првите редови на насилните антивалдини протести во Венецуела, кои траат ...

Путин не е највлијателна личност во Русија

„Левада центар“ направи истражување за тоа кого Русите го сметаат за највлијателна личност во историјата. ...

Close