Трамп со најголем број „следачи“ на Твитер

Американскиот претседател, Доналд Трамп е најпопуларниот светски лидер на Твитер, надминувајќи го по бројот на „следачи“ дури и папата Франциско, покажуваат податоците на њујоршката компанија за односи со јавност, „Барсон-Марстелер”.

Со речиси 40 милиони следбеници, Трамп изминатиот викенд изби на врвот на листата од околу 890 светски лидери, додека поглаварот на Римокатоличката црква, му е „веднаш зад петици“.

Шефот на дигиталната служба ЕМЕА (подружница на „Барсон-Мастелер”), Матијас Лифкенс е основач на интернет страницата „Twitplomacy“, каде се следат и анализираат дигиталните политички активности. Тој  таму, меѓу другото, истакнува и дека многу од тие профили се неактивни, или пак, тнр. „ботови” (лажни профили).

Трамп често ги објавува владините политики, но и ги истакнува своите, понекогаш и тоа како контроверзни ставови, токму на Твитер.

Би те интересирало и

Американец и Мексиканка се венчаа на границата (Видео)

Американец и Мексиканка се венчаа на границата помеѓу двете земји, што симболично претставува спротивставување на ...

Турција ги забрани сите ЛГБТ настани во главниот град

Турција ги забрани сите јавни настани кои ги организираат ЛГБТ групите во Анкара, јавува Асошиејтед ...