Трамп: Хилари ги намести изборите во Демократската партија

Американскиот претседател, Доналд Трамп денеска изјави дека изборите за претседател во Демократската партија се „наместени“ во корист на неговата доскорешна демократска ривалка Хилари Клинтон.

Трамп ова мислење го изрази на неговиот Твитер налог, откако Том Перез вчера беше избран за нов претседател на Демократската партија на САД.

– Трката за претседател на Демократската партија, секако, во целост беше „наместена“. Човек на Барни Сандерс, како ниту самиот Сандерс, никогаш немал шанси – наведе Трамп на Твитер.

Тој исто така, на Твитер му ја честиташе победата на Перез, порачувајќи дека „не може да биде среќен поради него“. Перез е избран за претседател на Демократската партија со 235 гласови од вкупно 447.

Новиот претседател вети дека ќе води борба против политиката на Трамп и ќе ја промени организациската структура на Националниот комитет на партијата, со цел да го приближи до поддржувачите.

Би те интересирало и

Американец и Мексиканка се венчаа на границата (Видео)

Американец и Мексиканка се венчаа на границата помеѓу двете земји, што симболично претставува спротивставување на ...

Турција ги забрани сите ЛГБТ настани во главниот град

Турција ги забрани сите јавни настани кои ги организираат ЛГБТ групите во Анкара, јавува Асошиејтед ...