Транспаренси Интернешнел Македонија бара отфрлање на планот за реорганизација на „Фени Индустри“ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Транспаренси Интернешнел Македонија бара отфрлање на планот за реорганизација на „Фени Индустри“

Транспаренси Интернешнел Македонија продолжува со мониторингот на постапката за стечај во Фени индустри АД Кавадарци и ги повикува сите институции во државата вклучително Судскиот совет, Финансиската полиција, Јавното обвинителство да преземат мерки во рамки на своите надлежности за да ги испитаат сите незаконитости во постапката.

Станува збор за проблем што е многу поголем од Скопје 2014 и по обем и пари и по штета за Република Македонија – оцени денеска на прес конференција директорката а Транспаренси Интернешнел, Македонија Слаѓана Тасева.

Таа го повика стечајниот судија, Валентина Ѓеоргиевска да постапи според Законот за стечај и да го отфрли планот за реорганизација на стечајниот должник Фени индустри АД Кавадарци како ненавремен укажувајќи на суштински повреди.

„Транспаренси Интернешнл Македонија смета дека стечајниот судија морал да донесе решение за отфрлање на планот како ненавремен и постапката да ја продолжи согласно законот“, рече Тасева.

На новинарско прашање зошто застапува интереси на компанија која претходно е прогласена за коруптивна, Тасева одговори дека тие само постапуваат по претставка и тоа не значи дека застапуваат било чии интереси.

Посочи дека Транспаренси Интернешнел Македонија го гледа интересот на Република Македонија и тоа, како што нагласи таа, е дека некој денеска прави криминал со оваа стечајна постапка:

„Очекувам, ако вака остане состојбата, дека Фени нема да трае подолго од септември или декември оваа година. Тие вработени ќе останат на улица. Овој гигант ќе биде прогласен за нерентабилен и Република Македонија ќе го изгуби Фени“.

Прашана за посочувањата од вицепремиерот Кочо Анѓушев повеќе да работат на тоа како дошло до оваа стечајна постапка, Тасева рече дека постапувањето на тоа што било претходно е работа на институциите што ги контролираат оние кои денеска се на власт. Тасева додаде дека сите овие документи ќе ги достават до институциите.

Би те интересирало и

Анита Ангеловска Бежоска избрана за гуверенер на НБРМ

Собранието на Република Македонија на 46. седница ја именуваше д-р Анита Ангеловска Бежоска за гувернер ...

Работниците од Фени ја прашуваат Слаѓана Тасева чии интереси застапува по наводите за стечајот во фабриката

По денешната прес конференција на Транспаренси Интернешнел Македонија, каде директорката Слаѓана Тасева ги повика надлежните ...