Трибина за Планот 3-6-9 во делот на локалните избори

„Имплементација на мерките од Планот 3-6-9 во делот на изборите“ е насловот на трибината која денеска ја организира Секретаријатот за европски прашања.

Трибината ќе ја отвори вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, кој ќе се осврне на клучните елементи од планот 3-6-9, а кои се однесуваат на претстојните локални избори.

На трибината, која ќе се одржува во Клубот на пратеници, ќе учествуваат и претставници на Државната изборна комисија, Државната комисија за спречување на корупција, Министерство за внатрешни работи, Генералниот секретаријат при Владата, претседателот на Управниот суд Јетмире Ајдини Бошњаку и претставници на граѓанското општество, МОСТ, ЦИВИЛ и „Синергија“.

Би те интересирало и

СРК Мамец го пориби прилепското вештачко езеро

Согласно законската обрска што ја има како концесионер за ревирот Спортско риболовниот клуб „Мамец“ од ...

Обвинителката Ленче Ристоска е за легализација на канабисот, но во строга законска процедура

Во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, се одржа научна расправа на тема ...