Трибина за руралниот туризам во рамки на Вевчанскиот карневал

vevchani

„Перспективите на руралниот туризам во Република Македонија со осврт на општина Вевчани“  е темата на трибината која ќе сеодржи денеска во Вевчани почнуваат активностите во рамките на Вевчанскиот карневал 2017. Предавач на трибината ќе биде проф. д-р Никола Панов, член на Академијата на убави уметности Вевчани.

На карневалската прогрма утре е промоцијата на романот „Пред шарени врати“ од Косте Шутиноски, а следниот ден ќе биде отворена изложба со слики од академскиот сликар Ниче Василев, по што вечерта почнува и музичкиот дел од програмата.

Вевчанскиот карневал „Василичари“ ќе биде отворен на 13 јануари напладне кога двете василичарски друштва Горна и Долна маала, заедно со сите маскирани ќе продефилираат низ улиците и ќе ги претстават маските, кои најчесто се инспирирани од актуелните случувања што ја одбележаа тековната година.

Традиционалното палење на маските ќе биде наредниот ден, со што завршуваат вевчанските василичарски денови.

Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот, која со специфичните особини се одвојува од останатите во светот поради својата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатните маски.

Додади коментар

Би те интересирало и

„Иван се враќа дома“ со три руски претстави во МНТ

Режисерот Иван Поповски, кој повеќе од 25 години живее и работи во Москва, овој септември ...

Почина српскиот актер Богољуб Митиќ – Ѓоша

Српскиот актер и комичар Богољуб Митиќ – Ѓоша утринава почина на 49-годишна возраст. Српските медиуми ...

Close