Тридневен спој на традицијата и критичката култура на годинашниов Вевчански карневал од 12-ти до 14-ти јануари – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Тридневен спој на традицијата и критичката култура на годинашниов Вевчански карневал од 12-ти до 14-ти јануари

Од 12-ти до 14-ти јануари ќе се одржува годинашново издание на традиционалниот Вевчански карневал.

 

Денеска на прес конференција вевчанскиот градоначалник, Сашо Јанковски информира дека меѓу музичарите кои ќе настапат се групата Фолтин, Кирил Џајковски, Џамбо Агушев оркестар, како и Блага Петреска.

Според Јанковски, дефилето на маски почнува на 13-ти јануари во 13 часот. Карневалот ќе заврши следниот ден во попладневните часови со палење на маските. Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски оцени дека овој карневал е пример за децентрализација на културата и рече дека очекуваат добро издание.

Професорот Симон Лешоски рече дека Вевчани претставува приказна сам по себе благодарение на овој културен настан: ,,Ретко доаѓа до инциденти, иако за време на карневалот Вевчани го посетуваат околу 10 000 посетители. Досега се нема повторено маска, а со маските се посочуваат општествените проблеми, но и се нудат решенија”.

Би те интересирало и

Објавен конкурсот за Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“

Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар го објави конкурсот за годинашното петто издание на ...

Ќе се отстрануваат малите сувенири од проектот „Скопје 2014“

Малите статуетки и илјадниците сувенири изработени според споменици и скулптури од проектот „Скопје 2014“ ќе ...