Три лица се потешко повредени во сообраќајка кај Неотино

Во сообраќајна несреќа која се случила околу два часот по полноќ три лица се здобиле со тешки телесни повреди, а едно лице било полесно повредено.

Сообраќајната несреќа се случила на регионалниот пат Р 103 Кавадарци-Неготино, на влезот во Неготино, поточно кај станицата за технички преглед “Антигона”, информираа од СВР Велес.

Имено, патнички автомобил “опел астра” со велешки регистерски ознаки, управуван од 35 годишното лице Н.А. од село Стојаково, излегол на левата страна од патот и удрил во заштитната ограда и објектот на Агросервис.

Доктор Драги Јованов, раководител на хируршкото одделение при Здравствен дом Кавадарци за Канал 77, изјави, дека возачот се стекнал со телесни повреди и бил задржан на лекување во кавадаречката општа болница, а останатите тројца сопатници, исто така млади лица, се здобиле со тешки телесни повреди и биле префрлени во клиничкиот центар во Скопје.

– Во потешка соостојба донесени се четири лица, две машки и две женски, со посериозни повреди во пределот на главата, едното женско лице со посериозна повреда на градниот кош, од тие причини се упатени на скопските клиники, две лица се упатени на Клиниката за неврохирургија и едното лице е упатено во Клиниката за градна хирургија. Во стабилна состојба ама сепак повредите бараа да бидат упатени на понатамошен треман во клиниките, вели Јованов.

Неодамна неофицијални статистички податоци соопштени од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот покажаа декаод почетокот на годината до овој период во сообраќајни несреќи на патиштата во земјава 91 лицe го загубиле животот, односно 48 лица загинале во првите шест месеци од оваа година и 43 лица во јули и август.

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Еден загинат во сообраќајна несреќа со автобус што патувал кон Македонија

Автобус што патувал од Германија кон Македонија вчеравечер удрил во автомобил во Шлиербах, Австрија. Како ...

Гевгеличанец претепан до смрт по расправија за мобилен телефон

Две лица се уапсени за убиството на 41-годишниот гевгеличанец кој вчера беше пронајден мртов. Според ...