Три судења во Кривичен: „Маѓар Телеком“, „Тврдина 2“ и за нападот во Собранието

Три судења за познати случаи денеска се закажани во Кривичниот суд.

Напад во Собранието

Првото судење е за нападите во Собранието од 27 април. Минатото рочиште беше одложено затоа што не се појави првообвинетиот Ангеле Зафировски, наречен Бате Геле, кој  е еден од деветтемина обвинети  за  „учество во толпа“. Во судницата се појавија: Димче Христовски, Дончо Василевски, Стојан Павловски, Борис Мутков со прекар Фантом, Марјан Стојовски, Виктор Настов, Александар Стојчев и Мирче Цветковски. На судењето се појавија и дел од 20-тина пријавени како оштетени лица. Обвинителството ги товари за учество во топла. Меѓу триесеттемина насилници кои добија кривични пријави, двајца се товарат за „обид за убиство“ на пратеникот Зијадин Села. И за утрово на социјалните мрежи се најавени собири на граѓани од здружението „Тврдокорни“.

Маѓар Телеком

Иако обвинетите Атила Сендреи, Ролф Плат и Золтан Кишјакус, кои се товарат за злоупотреба на службената положба, шест години се недостапни за органите на прогонот, за утре во Кривичниот суд е закажано ново рочиште за предметот „Маѓар Телеком“. Од Кривичниот суд за Макфакс потврдија дека последното рочиште за овој предмет е од 20 април, а било одложено бидејќи не бил присутен јавниот  обвинител, кој уредно го известил судот дека е спречен да присуствува на рочиштето. Поранешните директорi на Маѓар телком, Елег Штрауб и Андрас Балог, се спогодија да платат парични казни и добија и петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва, во процесот што се водеше пред Окружниот суд во Њујорк.

Тврдина 2

За денеска во Кривичниот суд е закажано и рочиште за слуачјот „Тврдина 2“. Поради влошената здравствена состојба на екс-началникот на Петата управа, Горан Грујоски, минатото рочиште беше одложено. Како што објави Макфакс, обвинителите беа скептични за медицинската документација за обвинетиот и побараа и добија известување од УБК за присуство на работното место, како и мислење од лекарите кои го потпишале уверението.  Обвинителите Пеливанов и Бубевски изјавија дека доколку се потврди дека Грујоски одел на работа СЈО ќе побараат негово приведување за утрешното рочиште. Во овој предмет Грујевски е обвинет за фалсификување на службена исправа, односно документи со кои било прикриено уништувањето на системите за следење на комуникациите, а во „Тврдина“ за уништување на системите за прислушување.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Беса бара СЈО до петок да ги отвори случаите Сопот и Монструм

Партијата Беса попладнево побара од Специјалното јавно обвинителство да ги покрене случаите „Сопот“ и „Монструм“ ...

Дивата депонија во Тетово се уште се пали.

  Тетовската дива депонија каде комуналното претпријатие го претовара сметот и натаму се пали. Облачи ...

Close