Тркалезна маса на НВО за регулативата за даночно и финансиско работење

Во Скопје денеска ќе се одржи тркалезна маса на тема „Како до законска регулатива која ќе ги заштити граѓанските организации од арбитрерни инспекци и контроли во областа на даночното и финаниското работење?Препораки за законски измени.“

Тркалезната маса е во организација на неформалната иницијатива за заштита на граѓанското општество „Правна подготвеност за инспекции во граѓанските организации“ поддржана од Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) и Коалицијата сите за правично судење, со финансиска поддршка од ад хок грант од програмата на Цивика Мобилитас.

Целта на тркалезната маса е да се презентираат досега спроведените активности и искуствата од спроведените инспекции и контроли, како и да се дебатира за Policy Brief и иницијативата за пред Уставниот суд на РМ за оспорување на одредби од Законот за персоналниот данок за доход.

Додади коментар

Би те интересирало и

Продолжува собраниската расправа по ребалансот на Буџетот

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да продолжи расправата по ребалансот на ...

Заев: 35.000 работници ќе летуваат на сметка на државата

Работниците со ниски плати да летуваат на сметка на државата во некои од нашите туристички ...

Close