Тркалезна маса: Руралниот туризам основа за развој на регионот – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Тркалезна маса: Руралниот туризам основа за развој на регионот

Стратешкиот развој на руралниот туризам е основа за развој на регионот,сепак за него многу ретко се знае и голем дел од средствата, најчесто поради недоволна информираност, остануваат неискористемни – е заклучокот од тркалезна маса на Руралната коалиција во Росоман.

Руралниот туризам и инфраструктурата можат да влијаат многу за развој на регионот. Досегашните истражувања на терен покажале дека во Македонија многу малку се знае за субвенциите и европските фондови за развој на нивниот бизнис. Тоа значи дека ваквите буџети воопшто и да не се искористени, а и луѓето многу малку вложуваат во тоа. Ова го повлекува и прашањето колку ќе и’ треба на земјава за развој на оваа гранка, каде во моментов најголем интерес за тоа има во Скопскиот регион, додека Тиквешијата и Вардарскиот регион спаѓаат во делот на најнеразвиените – изјави Лилјана Јоноски, координаторка на проектот на тркалезна маса во Роосман.

„Направените истражувања во март и април годинава, покажале дека 78 % од испитаниците не слушнале за ваквата стратегија а 88% проценти не го препознале руралниот туризам како дел од индустриската политика“, вели Јоноски.

Руралниот туризам во регионот не е развиен доволно, бидејќи селата и руралните предели се опустошени со имиграцијата.Самиот развој на ваков вид туризам позитивно би влијаел за враќање на животот во овие средини и спречување на трендот на исселување. Државата лани за првпат обезбеди фонд, доделен како субвенции за сите оние што сакаат сериозно да се занимаваат со рурален туризам.

Ако се земе предвид дека руралниот туризам има значајно место во ставката на бруто домашниот приход на ЕУ каде во земјите членки има отворено скоро 900 000 работни места на директен или индиректен начин тогаш размислувањата на нашата држава во тој правец би требало да бидат приоритетни во наредниот период – додадоа учесниците на работилницата.

 

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...

Имињата за новите министри утре ќе бидат доставени до Парламентот

Премиерот Зоран Заев утре до Парламентот ќе ги достави новите имиња за реконструкција на Владата. ...