Тројца повредени во пожар на конференција на Гугл

Најмалку три лица се повредени во пожарот кој избувнал во кујната на конгресниот центар за време на конференцијата на компанијата „Гугл“ во Калифорнија, соопштија противпожарните служби.

Инцидентот се случил во центарот „Шорлајн“, во градот Маунтин Вју, во центарот на Силицијумската долина.

Портпаролот на противпожарната служба рекол дека три лице се хоспитализирани, а дека едно од лицата има сериозни повреди. Повредените биле вработени во центарот.

Двораната „Шорлајн“, каде избувнал пожарот најчесто се користи за концерти.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

ЕУ: рекордна казна за Гугл за манипулирање на резултати од пребарување

Повеќето интернет корисници пребарувањето го почнуваат на Гугл. Но често не добиваат соодветни резултати, веќе ...

Холандија соодговорна за смртта на 350 муслимани во Сребреница

Повеќе од 20 години по масакрот врз муслиманите во босанска Сребреница, холандски суд пресуди дека ...

Close