Трпевски: Коцевски на вработените во неговата фирма им давал плата од 9.590 денари

Славче Трпески од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека „милионерот и вечен кандидат за градоначалник на Велес“, Аце Коцевски на вработените во својата фирма им давал плата од 9.590 денари.

„Човекот за кој медиумите известија дека остварил над 2 милиони евра приход во изминатите четири години на своите 40 работници во неговата АФИОН ДООЕЛ не им го исплаќал ниту минималецот кој им бил загарантиран со закон. Тој не се воздржува во медиумите да зборува за платите на вработените во странските инвестиции, но никаде го нема да каже дека во неговата милионска фирма во 2015 година на работниците не сакал да им ја додели ниту минимална плата. И додека на вработените во неговата АФИОН ДООЕЛ во 2015 година тој им исплаќал мизерни 9.590 денари плата на своето конто како чист профит тој си остварил над 2 и пол милиони денари. За себе над 2 и пол милиони денари, а за работниците ниту минималец“, рече Трпески.

Тој додаде дека Коцевски сега по петти пат е кандидат на СДСМ за градоначалник на Велес и како што нагласи, тој за многу кратко време и по многу индиции на сомнителен начин натрупал богатство преку својата фирма која ја основал само 8 месеци по завршување на неговиот втор градоначалнички мандат.

 

Би те интересирало и

Невладините се’ уште немаат официјален одговор за завршницата на истрагите за нивната работа

Дваесетината невладини организации чија работа беше предмет на истрага, се’ уште немаат официјални информации за ...

Македонец од Мелбурн потрошил 300.000 долари од донации на алкохол и на гаќи

Пензионерот Борис Трајков (76), поранешен новинар во македонската редакција на австралиското државно радио за националностите ...