„Труст“ е новата истрага на СЈО

Труст е работниот наслов на новата истрага која денеска на прес конференција ја презентира Специјалното јавно обвинителство. Во моментот обвинителката, Фатиме Фетаи ги образложува деталите за овој случај, кој како што наведе таа, покажува до каде каде одела борбата со конкуренцијата за добивање тендери и како еден конзорциум со фалсификувани средства успеал да заработи 1 милијарда и 60 милиони денари – пари на граѓаните.

Доказите за оваа истрага, според неа, произлегуваат од три прислушувани телефонски разговори, од кои два не се објавни во јавноста досега.

На почетокот на денешната прес конференција, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева изјави дека одредени функционери не покажуваат почит кон оваа институција. Таа сподели дека со нејзиниот тим имале обиди за соработка со одредени личности и институции кои не сакале да соработуваат, па како што најави, СЈО ќе се спротивстави на таквото непочитување, односно однесување.

„Изманатата година ипол работевме транспарентно и ги истражувавме најгорливите прашања од аудио разговорите што ни беа оставени и отворивме повеќе истраги , а во предистрага имаме и финансиски криминал. Овие финансиски истраги траат повеќе и во тој случај треба повеќе време за доказите да бидат истражувани. Затоа нашиот мандат не треба да биде определен во одредена временска рамка, туку определен согласно истражувањето на сите нерегуларности од 2008 до 2015 година“, истакна Јанева.

Таа апелираше до јавноста, секој кој поседува какви било материјални докази, да ги достави до Специјалното јавно обвинителство и да помогне во работата на ваквата институција.

Обвинителката, Ленче Ристоска одговарајќи на новинарско прашање, информираше дека во овој случај се осомничени три физички и три правни лица. Таа најави дека СЈО денеска до Основен суд Скопје 1 ќе поднесе барања за определување мерка притвор против две од физиките лица.

 

 

Би те интересирало и

Престелка во Чаир: Еден маж загина, друг е тешко ранет

Триесет и двегодишен маж е мртов, а педесет и двегодишен тешко ранет – ова е ...

Случајот „Монструм“ се враќа на почеток

Предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година ќе биде вратен во ...