Турска компанија ќе произведува струја од преработка на отпадни води

Фото: Pixabay

Турската компанија Arasya Atiksu планира да произведува електрична енергија од 1,2 милиони тони тиња, што се добива од индустриски отпадни води, во соработка со странски инвестиционен фонд, пишува Хуријет.

Компанијата заедно со инвестициониот фонд ќе инвестираат 100 милиони евра во проект што опфаќа 12 соларни постројки за преработка на отпадните води и електрани.

“Ние ќе произведуваме електрична енергија преку согорување на тињата, а компаниите за производство на цемент ќе го користат пепелот како нивна суровина. На тој начин добиваат и економијата и животната средина“, вели Ајтуѓ Гулдамла, претседател на Arasya Atiksu.

Според нив, преработката на отпадните води од индустриските капацитети не само што ќе ја зачува природата, туку и ќе создаде суровина со којашто ќе може да се произведува електрична енергија.

Превземено од: Би

Додади коментар

Би те интересирало и

Минималистички звучници направени од бетон

Чисти линии и суптилен акцент е она што прво се забележува во врска со овие ...

Намирници што ја ублажуваат несоницата

Добро е да се знае дека одредени намирници можат да помогнат за несоницата. Една од ...

Close