Турски академик тври дека Ное пред потопот му се јавил на синот на мобилен – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Турски академик тври дека Ное пред потопот му се јавил на синот на мобилен

Тој тврди дека Ное арката ја изградил од челик и оти користел нуклеарна енергија како гориво.

Турскиот академик Јавуз Орнек при гостување во емисија на јавната телевизија ТРТ1 изјави дека технологијата пред 10.000 години била многу понапредна од денес.

Тој тврди дека Ное арката ја изградил од челик и оти користел нуклеарна енергија како гориво.

Орнек во емисијата нагласи и дека Ное користел мобилен телефон за да го натера синот да се качи на арката, додавајќи дека на бродот не внел живи животни, туку „јајца од сите живи суштества“.

Водителката и Омер Фарук Харман, професор по теологија кој бил вториот гостин во студиото, го повикале Орнек да им покаже докази, но тој тогаш го цитирал Куранот.

– Брановите биле високи 300-400 метри и синот на Ное бил неколку километри далеку. Куранот вели дека Ное разговарал со својот син, но како комуницирале? Тоа очигледно било чудо. Верувам дека комуницирале преку мобилни телефони. Јас сум научник, зборувам во име на науката – изјави Орнек.

Публиката во емисијата реагираше воглавно негативно.

Водителката Пелин Чифт рече дека како и голем дел од гледачите, е скептична кон ваквите тврдења.

Извор: ПлусИнфо

Би те интересирало и

Не чувајте го мобилниот телефон во задниот џеб

Луѓето најчесто го чуваат мобилниот телефон во задниот џеб од панталоните, што е погрешно, зашто тие ...

Како би изгледале светските лидери со доколку би имале кул фризури (галерија)