Турски професор се самоуби откако бил отпуштен од универзитетот поради потпишување на декларацијата за мир упатена до Ердоган и владата

Мехмет Фатих Траш, истражувач и асистент на Универзитетот Чукурова во јужната турска провинција Адана, изврши самоубиство во петокот во својот дом откако бил отпуштен од работа на универзитетот.

Траш беше еден од потписниците на Декларација за мир, преку која во почетокот на 2016 година се повика владата да ги прекине операциите на безбедносните сили во југоисточна Турција, да го врати мирот на нацијата и да се врати на преговорите со Курдите за да се најде мирно решение на курдското прашање.

Договорот за продолжување на работниот однос на Траш, по завршувањето на неговите докторски студии, не беше обновен.

Катедрата по едукација за вработен кадар излезе со изјава дека Траш извршил самоубиство како резултат на психолошка траума која ја доѓживеал откако го изгубил работното место.

Декларацијата за мир, која ја потпишаа вкупно 1.128 интелектуалци (професори, научници…)беше остро критикувана од страна на владата. Таа предизвика немир кај претседателот Реџеп Таип Ердоган и Партијата на правдата и развојот,што резултираше со одмазда и притисоци кон нејзините потписници.

Ердоган ги нарекуваше и “таканаречени интелектуалци”, “стадо наречено интелектуалци”, “предавници” и “груба копии на интелектуалци”. Стотиците интелектуаци кои ја потпишаа декларацијата беа приведени откако полицијата упадна во нивните домови и канцеларии низ Турција по објавувањето на декларацијата на 11 јануари, 2016 година.

Извор: Либертас

Би те интересирало и

Случајот „Монструм“ се враќа на почеток

Предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското езеро во 2012 година ќе биде вратен во ...

Маж се заканил дека ќе ја запали зградата на Општина Арачиново

Вчера попладне, во канцеларијата на градоначалникот на Општина Арачиново влегол маж и се заканил дека ...