Турција заштедила 186 милиони евра од летното сметање на времето во текот на целата година

Турција заштеди повеќе од еден милион и триста илјади мегават часови електрична енергија од задржувањето на летното сметање на времето преку целата година. Ова го покажаа пресметките на Техничкиот универзитет во Истанбул, презентирани од Министерството за енергетика.

Експертите го објаснуваат тоа со фактот дека, кога во зимските месеци се применува летното
сметање, се стемнува подоцна и на тој начин се заштедува електрична енергија.
Целогодишна примена на летно време и заштедило на Турција меѓу 540 и 802 милиони турски
лири (од 125 до 186 милиони евра), како и потребата од инвестиции во вредност од две милијарди долари за изградба на електрани, кои би ги компензирале зголемените потреби за електрична енергија – се вели во извештајот.

 

Би те интересирало и

На први јануари почнува пописот на сите Албанци во светот

Од први јануари идната година амбасадите на Република Албанија во светот ќе започнат со реализацијата ...

Единаесетта ротација на словачки полицајци во Македонија

Од Амбасадата на Република Словачка во Скопје информираат дека на 15 ноември, врз основа на ...