Турција на САД им нуди заедничка операција во Сирија без Курдите

maxresdefault4-1024x680

Анкара му нуди на Вашингтон заедно да изведат операција на нивните специјални сили во Сирија против џихадистичките групи, меѓутоа без учество на локалните курдски паравоени сили,  кои Турција ги смета за „терористи“, а САД ги поддржуваат – изјави денеска шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу.

„Со Американците зборуваме за затворањето на областа Манџиб што е поскоро можно и отворање нов фронт. Американците свои специјални сили, а ние имаме наши специјални сили“, изјави министерот Чавушоглу мислејќи на зоната којашто во сириската покраина Алепо е под контрола на екстремната сунитска организација Исламска држава.

Тој додаде дека Анкара е согласна за отворање нов фронт, но не со Единиците за заштита на народот (YPG), военото крило на Партијата на демократската унија (PYD), паравоени сили на сириските Курди кои најдобро се спротиставија на Исламската држава и од неа презедоа одредени области. САД ги поддржуваат нивните активности во северна Сирија, на незадоволство на Анкара која ги смета за „терористичка“ група.

Би те интересирало и

Еден починат и 48 заболени од западнонилска треска во Србија

Во Србија е регистриран еден смртен случај и 48 случаи на заболени од западнонилска треска. ...

Турција заштедила 186 милиони евра од летното сметање на времето во текот на целата година

Турција заштеди повеќе од еден милион и триста илјади мегават часови електрична енергија од задржувањето ...