Турција уапси 143 осомничени приврзаници на Исламската држава

Турската полиција во голема акција уапси 143 осомничени приврзаници на терористичката милиција Исламска држава (ИД).

Дел од осомничените наводно планирале напади на денешниот „Ден на Републиката“. Денеска во цела Турција се прославува 94-годишнината од основањето на републиката од страна на Мустафа Кемал Ататурк. Во текот на изминатите години се уапсени над 5000 осомничени приврзаници на ИД.

Според турските медиуми, спроведени се рации во осум провинции. Во главниот град Анкара се уапсени 49 од вкупно 55 странци по кои е распишана потерница, додека во Истанбул се уапсени четворица осомничени приврзаници на Исламска држава. Во автомобилот на уапсените во Истанбул е пронајдена рачно направена бомба.

Според официјални податоци, во текот на изминатите години се уапсени над 5000 осомничени приврзаници на ИД, а протерани биле околу 3.300 странски милитанти од 95 земји.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Историски ден за Зимбабве – Новиот претседател положува свечена заклетва

Толпа народ се собра на фудбалскиот стадион во главниот град на Зимбабве, Хараре, за да ...

Борците на ИД пукаат со оружје од НАТО, тврди сириски генерал

Сириската армија во источниот град Ал Мајадин, кој се сметаше за главно складиште на терористите ...