Турција ја продолжи вонредната состојба за три месеци

turski-parlament-turcija

Парламентот на Турција ја продолжи за уште три месеци вонредната состојба, што во земјата беше воведена по обидот за пуч на 15 јули минатата година.

Вонредната состојба и овозможува на турската Влада „да го заобиколи“ Парламентот во донесувањето нови закони, како и да ги ограничи или суспендира  правата и слободите доколку процени дека е неопходно.

Според најновите податоци, за време на истрагата за пучистите уапсени се над 41.000 лице, поради сомнение дека се поврзани со муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен.

Турските власти го обвинуваат Ѓулен, кој живее во САД, дека стои зад обидот за пуч.

Во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул на новогодишната ноќ се случи напад, при што загинаа 39 лица, а 69 се повредени.

Libertas



Додади коментар

Би те интересирало и

Хрватска бара 26.000 работници

Слободни работни места има за готвачи, чистачи економисти, медицински сестри… Во Хрватска се огласени 26.000 ...

Хрватска ќе ги отвора архивите од периодот на поранешна Југославија

Хрватскот сабор денеска со мнозинство гласови во прво читање го прифати предлогот на партијата Мост ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger