Турција ќе создава сопствена вселенска програма

Турција планира да формира сопствена вселенска агенција, како мерка за зајакнување на безбедноста на земјата, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим.

„Одлуката за создавање на вселенска агенција беше донесена со цел да го обезбедиме развојот и безбедноста на земјата со помош на вселенските и авијациските технологии, како и за пронаоѓање и користење на природните ресурси во корист на луѓето“, објасни Јилдирим за време на отворањето на фабриката за делови за хеликоптери во округот Ерзурум.

Турскиот премиер наведе дека предлог-закон за формирање на агенцијата веќе е поднесен за разгледување во турскиот Парламент.

Би те интересирало и

Единаесетта ротација на словачки полицајци во Македонија

Од Амбасадата на Република Словачка во Скопје информираат дека на 15 ноември, врз основа на ...

Најбараниот убиец од Балканот живее луксузно во Велика Британија

Селами Чокај дошол во Велика Британија во 1999 година, но е депортиран 10 години подоцна, ...