Турција ќе формира „кибер армија“

Турција ќе формира „кибер армија“ чија задача ќе биде гарантирање на безбедноста на интернет просторот и информациит – соопшти денеска турскиот министер за транспорт и врски Ахмет Арслан.

„ Кибер нападите претставуваат голема закана, па затоа ќе создадеме структура која ќе ја осигура безбедноста во таа сфера“, истакна Арслан во интервју за весникот „Хуриет“. Тој најави дека во „кибер армијата“ ќе бидат ангажирани околу 13.000 „бели хакери“, кои ќе бидат поделени во пет групи.

Арслан потенцира дека Турција не претрпела штети од минатонеделниот глобален кибер напад, благодарение на навременото предупредување што властите го испратиле до сите фирми и институции.

„Постои координација во врска со ова прашање. Ги предупредивме институциите за можен кибер напад и им препорачавме да ги ажурираат своите антивирус програми. Затоа безбедно го преживеавме последниот напад“, вели Арслан. Според него, меѓу турските компании единствено штета од кибер нападот претрпела фабриката „Ојак-Рено“ во Бурса.

Кон крајот на минатата недела стотици илјади компјутери ширум светот беа жртви на глобален кибер напад со вирусот „Wanna Cry“, при што хакериите бараа да им се исплати „откуп“ во биткоини за да ги ослободат компјутерските сустеми од вирусот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Борба за сексуалните права во Грција

Во Солун првпат и познати грчки политичари се изјаснија во прилог на правата на ЛГБТИ-заедницата. ...

Македонска менаџерка упасена во Турција за присилување на проституција

Македонска државјанка, менаџерка и сопственичка на агенција од Македонија е притворена во Турција под сомнение ...

Close