Туск: На Европа ѝ се потребни енергијата и фантазијата на Макрон

Францускиот претседател Емануел Макрон во неделата рекол дека сака Европа која истовремено ќе биде привлечна за инвестирање и која повеќе ќе ги штити работниците, пренесуваат светските агенции.

Според него, тој се залага за Европа, која ќе биде „помалку бирократска, а повеќе насочена кон политиката“. Францускиот претседател, кој во средата во Елисејската палата имаше вечера со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, нагласи дека за него европскиот проект е од големо значење, изразувајќи подготвеност неговата земја да даде „целосна поддршка“.

Макрон рекол дека се надева оти лидериството на Туск ќе оди „уште подалеку во преобликувањето и поттикнувањето на европските амбиции“. Туск ги одобрил насоките кои го посочил Макрон и рекол дека „зборовите како што се безбедност, заштита, достоинство и гордост мора да се вратат во европскиот политички речник“.

Туск додал дека на Европа ѝ е потребна енергијата и фантазијата на Макрон. „Кога говорам за Европа, не мислам на институциите, на бирократијата туку на милионите Европејци“.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Ердоган до САД: Можеби имате многу оружје и авиони, но тоа не значи дека сте моќни и силни

Одлуката на американскиот претседател од 6 декември со која тој игнорирајќи го меѓународното право го ...

Агент на ФБИ сменет поради порака против Трамп

Агентот на ФБИ, Питер Стрзок кој учевствуваше во истрага за претседателската кампања на Доналд Трамп ...