Тутунски комбинат Прилеп плати 75 милиони на УЈП и се раздолжи со државата – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Тутунски комбинат Прилеп плати 75 милиони на УЈП и се раздолжи со државата

Новото  раководство на прилепскиот Тутунски комбинат-компанија во доминантна државна сопственост, пред истекот на календарската 2017 годна се раздолжи кон државата исплајќајќи долг стар 6 години, а остануваат само старите наследени обврски кон комерцијалните банки кои редовно се сервисираат:

„На 30-тти декември успеавме комплетнот долг кој го имавме наследено од претходните раководства спрема Управата за Јавни Приходи со вкупна вредност од 75 милиони денари да го вратиме во целост“, изјави генералниот директор Кире Станкоски.

Според него, до Владата е поднесен планот за работа и стратегијата со предлог мерки за преструктуирање на компанијата со чие ефектуирање примарна цел е зголемување на продуктивноста во производството и откупот на тутунот:

„Очекуваме дека во најскоро време Владата, како доминантен сопственик, ќе ги разгледа тие клучни документи за оваа компанијуа од суштинско значење за Прилеп и регионот во целина, и ќе донесе одлука во интерес на работењето Тутунски Комбинат. Нашата предлог стратегија е максимална соработка и кооперативност со нашиот стратешки партнер Филип Морис“.

Во врска со неправилностите и злоупотребите на претходните раководства Станкоски најави дека првичните резултати од ревизијата веќе резултирале со две пријави:

„Имаме поднесено две пријави како резултат на внатрешната ревизија, која одлично си ја заврши работата. Како излегуваат извештаите ние ќе ги доставуваме до органите на прогонот. Од нивна страна очекуваме детална анализа“. Доколку има такви настани од ревизијата очекуваме дека тие ќе видат светлост на денот.

Станкоски за Канал 77 изјави дека моментно во компанијата работат 420 луѓе со релативно неповолна и висока старосна структура, а во договор со Синдикатот и согласност од Владата ќе се понуди пакет за отпремнини под исти услови како претходниот, кога бројот на вработени се преполови. На таков најрацинален начин за компанијата би се дошло до околу 200-220 вработени, што би отворило можност за вработување на најмалку педесетина млади стручни кадри кои ќе придонесат во унапредувањето на идниот развој на Тутунскиот Комбинат.

Би те интересирало и

АЕК годинава нема да донира, но ќе им ги покачи платите на вработените

Агенцијата за електронски комуникации годинава нема да донира, но ќе им зголеми платите на вработените. ...

Продолжува јавната дебата за реформите во јавните набавки

Втора јавна дебата за реформите во јавните набавки за кои е подготвен нацрт текст на ...