Уапсени издавачот и директорот на грчкиот весник „Параполитика“

vesnik

Атинскиот синдикат на новинари (ЕСХЕА) денеска изрази „длабока загриженост“ за климата што беше создадена по вчерашното апсење на издавачот и на директорот на весникот „Параполитика“, под обвинение за клевета и обид за изнудување.

Ваквите обвиненија ги поднесе лидерот на партијата Независни Грци и министер за одбрана на Грција, Панос Каменос – пренесе агенцијата МИА.

– Бордот на ЕСХЕА е длабоко загрижен за климата што се создаде поради интервенцијата на органите на прогонот во канцелариите на новинарите. Новинарство мора да се практикува со одредени правила, но сите мора да ја бранат и да ја штитат слободата на печатот – стои во соопштението на Синдикатот.

Во меѓувреме, некои грчки медиуми јавија дека издавачот и директорот на „Параполитика“ најверојатно денеска ќе бидат пуштени од притвор. Тие во наредните неколку дена треба да се појават пред обвинител.

Додади коментар

Би те интересирало и

Приврзаниците на „За заедничка Македонија“ ноќта ќе ја поминат во шатори пред Собранието

Откако влегоа насилно во Собранието, приврзаниците на „За заедничка Македонија“ почнаа да поставуваат шатори пред ...

Собранието испразнето, полицијата ги проверува просториите

Полицијата вечерва ја испразни собраниската зграда. Светлата во законодавниот дом се изгаснати. Пред сите влезови ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger