Уапсен е бомбашот од Дортмунд

Германската полиција соопшти дека го уапсила лицето Сергеј В. кој е осомничен за нападот на автобусот во кој се превезуваа фудбалерите на Борусија Дортмунд. Станува збор за 29-годишник со руско-германско државјанство. Сергеј според обвинителите сам го организирал нападот по кој со повреди се здоби фудбалерот Марк Бартра, како и еден полициаец.

Првично беше соопштено дека нападот е терористички акт предизвикан од исламски екстремисти, но ова беше демантирано. Најновата информација е дека нападот е направен од финансиски мотиви.

Осомничениот е обвинет за обид за убиство, нанесување тешки телесни повреди и предизвикување експлозија

Би те интересирало и

Трамп ѝ нареди на НАСА да ги врати луѓето на месечината

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ѝ нареди на НАСА да испрати повторно Американци на месечината ...

Франција се подготвува да ги забрани мобилните во основните училишта

Француската влада најави забрана за мобилни телефони за учениците во основните училишта. Всушност, децата ќе ...