Уапсен македонски државјанин во Грција за нелегално пренесување мигранти – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Уапсен македонски државјанин во Грција за нелегално пренесување мигранти

Скриени во приколката од камионот што го возел, 34-годишен македонски државјанин се обидел нелегално од Турција во Грција да внесе четворица мигранти од Бангладеш, но при контрола на граничниот премин, грчката полиција ги открила мигрантите.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, инцидентот се случил на граничниот премин Кипи во североисточна Грција, во утринските часови во вторникот, а македонскиот државјанин бил уапсен.

– Поконкретно, сторителот кој управувал со камион со приколка пристигнал на граничниот премин Кипи за да влезе во земјата. Таму, за време на контрола извршена од страна на полицијата со помош на царинските службеници, се покажа дека 34-годишниот нелегално во внатрешноста на земјата пренесува четири нелегални мигранти, кои ги скрил во приколката, соопштуваат од грчката полиција.

Камионот бил запленет, а уапсениот ќе биде изнесен пред јавен обвинител во грчкиот град Алескандрополи.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Кривична пријава против поранешниот директор на ЈП “Исар” од Штип

Секторот за внатрешни работи Штип до надлежното ОЈО, за два одвоени случаи, поднесе кривични пријави ...

Одложено рочиштето на Монструм: Родителите бараат претрес во седиштето на СДСМ

Се одложи денешното рочиште за Монструм, предметот кој неодамна го презеде Специјалното јавно обвинителство. Иако ...