Уапсен напаѓачот со моторна пила во Швајцарија

По 24-часовна потрага, швајцарската полиција го уапси Франц Врусис, човекот осомничен за нападот со моторна пила во Шафхаузен, кога беа повредени пет лица.

Како што е наведено, ова 51-годишно лице било уапсено во општина близу Цирих, 45 километри од местото каде што се случи нападот. Полицијата не открива повеќе детали за акцијата и најави дека повеќе ќе каже на денешната прес-конференција.

Двајца повредени по нападот, кој се случи во понеделникот, сè уште се во опасност и лекарите даваат сè од себе да ги спасат.

Полицијата потсети дека уапсениот Врусис веќе бил осуден за напади со различни оружја во периодот 2014-2016.

Извор: Макфкас

Додади коментар

Би те интересирало и

Предизборен форум на З.Г Медиа Плус – Штип во мултимедијалниот центар на Канал 77

Во организација на З.Г. Медиа Плус-Штип, во мултимедијалниот центар Канал 77, се одржа предизборен форум ...

Во Кочани одбележан Светскиот ден без автомобили

Општина Кочани се вклучи во одбележувањето на Европската недела на мобилност која се одбележува под ...

Close