Уапсен најголемиот нарко бос во Јужна Америка – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Уапсен најголемиот нарко бос во Јужна Америка

Еден од најголемите јужноамерикански „кралеви на кокаинот“, кој бегаше од полицијата речиси 30 години и правел пластични операции за промена на лицето, е уапсен во западната бразилска држава Мато Гросо, соопшти бразилската полиција.

Луиш Карлос да Роша, познат по прекарот „Бела глава“, е уапсен во акцијата именувана „Спектрум“, во градот Сорисо, што на португалски значи „насмевка“, се наведува во полициското соопштение.

Да Роша го променил името и личниот опис за да и побегне на полицијата и да продолжи да се занимава со трговија на дрога.

Како што се наведува, во акцијата е уапсен и човекот што важел за „десна рака“ на Де Роша, а за време на акцијата, во која учествувале 150 агенти, запленети се луксузни автомобили, авиони, фарми и друг имот вреден десет милиона американски долари.

Тој е обвинет дека развил голема нарко мрежа, која опфаќа производство на кокаин во џунглите на Боливија, Колумбија и Перу, а дрогата ја дистрибуирале во Јужна Америка, САД и Европа.

Де Роша е уште обвинет дека бил еден од главните добавувачи кои владеат во големи подрачја на Сао Паоло и Рио де Жанеиро, како и дека врз основа на тоа се стекнал со 100 милиони УСД лично богатство. /макфакс/

Би те интересирало и

Силен земјотрес од 8,2 степени ја потресе Аљаска, предупредување за цунами

Земјотрес со јачина од 8,2 степени по Рихтер ја погоди Аљаска, по што издадено е ...

Вулкан избувна во јапонско скијачко одморалиште

Вулкан избувна во ски-центар во Јапонија , северозападно од Токио. Тоа е вулканот Кусацу-Шијаран , сместен на 2.160 метри ...