Уапсен потпретседателот на компанијата Самсунг електроникс

Потпретседателот на компанијата Самсунг електроникс, Ли Џае-јонг е уапсен во рамки на истрагата за корупција, која доведе до отповикување на јужнокорејската претседателка Парк Геун-хе. Според судот, неговото апсење било неопходно поради нови докази.

Судот во Сеул истовремено го отфрли барањето да се издаде налог за апсење на претседателот на Самсунг електроникс, Парк Санг-јин.

Канцеларијата на специјалниот обвинител во вторникот побара да се уапсат двајцата раководители на Самсунг поради корупција и други обвиненија.

Компанијата е обвинета дека донирала 43 милијарди вони (36,3 милиони долари) на невладини организации поврзани со Чои Сун-сил, блиска пријателка на јужнокорејската претседарелка, во замена за поддршка на спорни зделки.

Би те интересирало и

Еквадор го прекори Асанж за поддршката на независна Каталонија

Властите на Еквадор побараа од основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да прекине со политички изјави, ...

Критичен момент во потрагата по исчезнатата аргентинска подморница

Операцијата за пронаоѓање на аргентинската воена подморница  „Сан Хуан“, која исчезна во јужниот дел на ...