Уапсен уште еден од групата на Нинџа што го нападнаа Собранието на 27 април – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Уапсен уште еден од групата на Нинџа што го нападнаа Собранието на 27 април

Уапсен е Младен Додевски, кого МВР го бара со потерница заедно со Александар Василевски -Нинџа, Никола Митревски – Кољо, Дејан Давидовски и Митре Питроповски, потврдија од полицијата, пренесува порталот Сакам да кажам.

Сите се барани за загрозување на уставниот поредок на Македонија и за тешки насилства во Собранието на 27 април лани.

Додевски според истрагата е еден од маскираните насилници кои мирно беа пропуштени од специјалците на тогашниот директор на јавна безбедност во МВР Митко Чавков да се качат горе во прес салата на Собранието да ги вршат насилствата врз пратениците од тогашниот опозиционен СДСМ.

Додевски тргнал од ресторанот “Дион” на Кејот на Вардар и директно се упатил во Собранието заедно со толпата која насилно влезе низ пробиените собраниски врати.

Тој бил уапсен ноќеска. Денеска се очекува да биде однесен пред судија на претходна постапка.

 

Извор: sdk.mk

Би те интересирало и

Се сруши фасада од зграда во центарот на Куманово, едно лице повредено

Едно лице е повредено откако фасада од зградата лоцирана на кумановскиот плоштад се сруши денеска ...

Судењето за „Таргет-Тврдина“ одложено за 27 март, со нов судија

За 27 март е одложено судењето за предметот „Таргет-Тврдина“, што се однесува за незаконското прислушување ...