Убиена Охриѓанка: Полицијата трага по убиецот

Жена, родена 1950 година чиишто иницијали се’ уште не се соопштуваат синоќа била убиена во свјот дом во Охрид во стан на улицата „Галичица“ 31 .

Според неофицијалните информации коишто кружат во охридската јавност на целата ситуација претходел обид за грабеж на старицата, бидејки жената живеела сама во својот стан и оти била нападната со нож. Трагичниот настан се случил синоќа околу 20 часот.

Пред десетина денови на истата улица наркозависник се обиде да изврши грабеж во локалната продавница. Она што се знае е дека  Охридската полиција трага по напаѓачот, чиј идентитет официјално се’ уште не се соопштува. По наредба на јавен обвинител врз телото на жртвата денеска ќе биде извршена обдукција.

Полицијата работи на расветлување на немилиот настан кој ја вознемири охридската јавност. Повеќе детали се најавуваат за текот на денот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Скопје пронајден мртов пробиштипјанец со расекотина во вратот

Седумдесет и осумгодишен маж од Пробиштип синоќа е пронајден мртов на улицата „Антон Панов“ во ...

Сопружници загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце загина 76 годишен жител од тетовско ...

Close