Убиен градоначалник и неговата сопруга во рација на Филипини

Филипинската полиција, на југот на земјата, спроведе рација, а во судирите кои потоа избија загинаа 15 лица, меѓу кои и градоначалникот на Озамиз, Рејналдо Парохиног.

Според претседателот на Филипини, Родриго Дутерто, овој градоначалник бил вмешан во нарко-бизнисот.

„Во престрелката загина градоначалникот и најмалку 14 други лица“, изјави шефот на полицијата во Озамис Хови Еспенидо.

Во рацијата загина и сопругата на градоначалникот, а неговата ќерка е приведена.

Западни меидуми наведуваат дека еден од неговите телохрантили активирал граната во куќата, па засега не е познато дали градоначалникот и неговата сопруга загинале од гранатата или во престрелка со полицијата.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Нов силен земјотрес го погоди Мексико

По двата разорни земјотреси, едниот со јачина од 8,2 степени, а другиот од 5,8 степени ...

Ердоган: САД немаат право да и’ кажуваат на Турција какво оружје ќе купува

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган оцени дека САД немаат никакво право да и префрлат нешто ...

Close