УЕФА на Белгија може да и’ ја одземе организацијата на ЕП 2020

Белгиската фудбалска федерација може да ја загуби организацијата на ЕУРО 2020, откако изградбата на новиот стадион во главниот град Брисел беше забавена поради административни причини. Тие се поврзани со животната средина и Белгијците се уште чекаат повеќе дозволи, состојба која може да не и’ се допадне на УЕФА.

„Се’ уште веруваме дека ќе се справиме со ново настаната ситуација. Сепак не зависи се од нас. Ние како федерација, немаме такви надлежности“, изјави Коен де Брабандер, генералниот секретар на Белгиската фудбалска федерација. Тој додаде дека локалните власти следните пет месеци ќе ги разгледаат предлозите за олеснувања околу дозволите за градба, а потоа ќе бидат потребни од 12 до 18 месеци за стадионот да биде завршен.

Де Брабандер додаде дека минатата недела претставниците на федерацијата остварија средба со Европската фудбалска федерација (УЕФА) каде се разговараше за подготовките и напредокот околу организацијата на шампионатот.

Белгија ја има една од најдобрите репрезентации во својата историја и очекува да атакува на трофејот на шампионатот кој треба да го игра во својата земја.

Континенталното фудбалско првенство во 2020 година ќе се игра во 13 града ширум Европа, меѓу нив е и белгиската престолнина Брисел.

Би те интересирало и

Арсенал се „извлече“ на „Сент Мери“, Жиру донесе бод во 88. минута

Арсенал беше на прагот на пораз на „Сент Мери“, но во финишот од средбата гол ...

ФИФА: Во првите 24 часа преку милион барања за влезници на СП 2018 во Русија

Во првите 24 часа од почетокот на вториот круг продажба на влезници за СП 2018 ...