УКИМ одбележува 67 години од основањето

ukim_201481492835

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска одбележува 67 години од основањето – со молебен пред споменикот на браќата просветители на универзитетскиот кампус, доделување плакети и награди и вечер со свечена академија и концерт во МНТ на кој како солист ќе настапи виолинистот Стефан Миленковиќ.

Молебенот посветен на светите Кирил и Методиј ќе почне во 10 часот и со него ќе чиноначалствува архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан. Делегации ќе положат цвеќе пред споменикот на Кирил и Методиј на универзитетскиот кампус, а од 11 часот во аулата на Ректоратот ќе бидат доделени Плакета на УКИМ, Награда „Св. Кирил и Методиј“ и титула Почесен доктор на науки на Универзитетот.  Свечената академија ќе се одржи од 20 часот во Македонскиот народен театар, каде што ќе се обрати ректорот на Скопскиот универзитет Велимир Стојковски, а ќе настапи хорот „Драган Шуплевски“ на Факултетот за музичка уметност при УКИМ.

Свечениот концерт ќе го изведе симфонискиот оркестар на ФМУ, на кој солист ќе биде познатиот српски виолинист Стефан Миленковиќ кој живее и работи во Њујорк.  На концертната програма се композиции од Глинка, Менделсон, Берлиоз, Паганини. Диригент на хорот и на оркестарот е Саша Николовски-Ѓумар.

Активностите со кои го одбележува патронатот, УКИМ ги почна вчеравечер со концерт на Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ во Дом на АРМ.

Би те интересирало и

Детски мјузикл „Градот моли: Ме угушивте, ме боли!“

Детскиот мјузикл „Градот моли: Ме угушивте, ме боли!“ вечерва ќе биде изведен во кино „Култура“. Организатор ...

Најдобрите германски филмски остварувања и годинава пред штипјани

Фестивалот на новиот германски филм, во Штип ќе го означи почетокот на последната недела од ...