Украдени пари и накит од 20 000 евра од стан во Гостивар

Од стан на булеварот „Гоце Делчев“ во Гостивар украдени се пари, накит и два пиштола во вредност од околу 20 илјади евра.

Според портпаролот на тетовската полиција, Марјан Јосифоски, крадците го искористиле отсуството на семејството во текот на вчерашниот ден и во периодот од 7:30 до 16 часот влегле во станот и ја извршила кражбата.

Ограбениот 56-годишен Д.С. пријавил дека од спалната соба биле одземени два пиштоли со калибар 9 и 7,65 милиметри за кои имал дозвола, 50 илјади денари и повеќе парчиња златен накит. Вредноста на украденото се проценува на 1,3 милиони денари.

За една недела ова е втора тешка кражба во Гостивар. Претходно, од дом на гостиварец беше украден накит со вредност од близу 30 илјади евра.

Додади коментар

Би те интересирало и

Во Скопје пронајден мртов пробиштипјанец со расекотина во вратот

Седумдесет и осумгодишен маж од Пробиштип синоќа е пронајден мртов на улицата „Антон Панов“ во ...

Сопружници загинаа во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце

Во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово – Јажинце загина 76 годишен жител од тетовско ...

Close