Украина е подготвена да му суди на Кустурица

Украина е подготвена да му суди на српскиот режисер Емир Кустурица поради неговите повици за сепаратизам за што му се заканува петгодишна забрана за влез во земјата. Ваквата реакција доаѓа од украинската амбасада во Белград по говорот на Кустурица во неделата непосредно пред концертот на „Ноу смокинг оркестра“ во Јалта.

Српскиот режисер, меѓу другото, рече дека обединувањето на Крим со Русија е природен, органски процес и ги повика граѓаните на Крим да го развиваат својот полуостров како дел од голема Русија наместо да чекаат одобрение за нивните одлуки.

Од амбасадата рекле дека ставот на официјален Киев е непроменлив во конкретниот случај – секој што ќе ги прекрши законите на таа земја, односно Законот за привремено окупираните територии, како и секој што ќе стори кривично дело – повик за сепаратизам во Украина, ќе биде осуден и ќе ја добие заслужената казна според важечкото законодавство.

Една од санкциите е забрана за влез во Украина. Од амбасадата рекле дека за мерката што ќе му биде пресудена на Кустурица српската јавност навреме ќе биде информирана.

Во писмото од украинската амбасада навеле дека е жално што еден човек кој тежнее кон тоа да се смета за дел од културната елита во Србија се спушта на такви ниски чинови, како што е поддржување на агресорите.

„Зарем не е пологично културната елита на една држава да се грижи за својот народ и неговиот просперитет, а не да се радува за тоа што кај неговиот пријател, Украина, има војна?“, прашуваат од амбасадата.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Експлозијата во Њујорк обид за терористички напад, нема повредени освен бомбашот

Експлозија одекна утрово во Њујорк, на една од главните сообраќајници во централниот дел на Менхетн. ...

Пожарот во Калифорнија голем колку Њујорк

Површината зафатена од голем пожар во Калифорнија сега е поголема од градот Њујорк, наведе Би-би-си. ...