Унгарија ќе ги симне контроверзните плакати со Сорос

Унгарската влада ќе ги симне контроверзните постери на кои е прикажан американскиот финансиер Џорџ Сорос, објави денеска унгарскиот интернет-портал Индекс.

Владата на премиерот Виктор Орбан се соочи со големи критики поради објавувањето илјадници билборди низ целата земја, на кои е прикажана слика на Сорос и слоганот „Да не дозволиме Сорос да се смее последен“.

Некои од билбордите беа брзо ишкртани со антисемитски графити, што ја зголеми загриженоста меѓу критичарите на Орбан и кај еврејската заедница во Унгарија дека владата разгорува ксенофобија во земја каде што антиеврејските постапки имаат долга историја.

Премиерот неодамна се соочи со критики и откако го нарече Миклош Хорти, унгарски лидер за време на Втората светска војна и нацистички сојузник, „исклучителен државник“.

Кампањата против Сорос предизвика контроверзии и дома и во странство. Активистите во Будимпешта ги отстрануваа постерите, додека политичарите, меѓу кои и либералниот европратеник Гај Верхофштат и германскиот државен министер за европски прашања Мајкл Рот, го кренаа гласот против билбордите.

Орбан ја бранеше кампањата дури и откако Андрес Хајслер, шефот на Федерацијата на еврејски заедници во Унгарија, јавно побара од премиерот да ги симне билбордите.

Завршувањето на кампањата владата го оправда соопштувајќи дека првично планирала таа да заврши на 15 јули.

Преземено од: МКД.мк

Додади коментар

Би те интересирало и

Макрон ќе предложи реформи за ЕУ и јакнење на монетарната унија

Францускиот претседател, Емануел Макрон утре ќе ги промовира своите предлози за реформи на Европската унија ...

Референдум за независност на Ирачки Курдистан

Граѓаните на ирачки Курдистан денеска ќе се изјаснат на референдум за независност на регионот од ...

Close