Уништен единствениот парк во Тетово – Општината не реагира

Единствениот парк во Тетово наспроти спортскиот цетнар е целосно запуштен од градските власти. Реквизитите на таканаречениот Жена парк се уништени или откорнати, зелените површини не се наводнуваа, тие се целосно исушени а наместа има обрасната висока трева. Десетина дена во паркот нема ниту осветлување.
Тетовци кои ги носат децата во паркот стравуваа дека оваа единствена зелена површина може да стане место за девијантно однесување, затоа што во ноќните часови тука е тотален мрак. Бараат општинсктие власти да го одржуваат местото а совеста кај граѓаните да проработи и да не се уништуваат јавните површини.
Од Општина Тетово побаравме одговор зашто не се одржува паркот и дали ќе се санира оштетеното, но оттаму не добивме никаков одговор. Инаку, Жена паркот беше реконструиран во април годинава.
Додади коментар

Би те интересирало и

Центарот на Тетово раскопан половина година

Центарот на Тетово половина година се дави во прашина, поради запрените активности за реконструкција на ...

Од попладне врнежи во западните делови

Во попладневните часови облачноста ќе се зголемува, во западните делови ќе има локален дожд, кој ...

Close