Употребата на смартфоните го зголемува ризикот од синдромот на суво око

kid-smartphone

Повеќето луѓе знаат дека премногу гледање во мобилниот телефон е штетно, но новата студија покажува дека смартфоните се многу понездрави од она што се мисли, посебно кога се во прашање очите.

Истражувањето објавено во магазинот BMC Opthalmology открива дека децата што минуваат повеќе време користејќи се со мобилните имаат повеќе синдроми на суво око.

На децата на кои смартфоните им се ускратени на месец дена, симптомите им се повлекле.

Сувото око, или ксерофталмија е состојба во која очите не солзат доволно, што предизвикува црвенило, оток и иритација на окото.

Обично се поврзува со постарите луѓе, но специјалистите веруваат дека та состојба кај децата се потценува.

Кога гледаме во екраните и мониторите, помалку трепкаме, што значи дека доаѓа до засилено испарување на солзниот филм и раст на веројатноста за болест на сувото око.

Во студијата се анализирани 916 корејски деца меѓу седум и 12 години возраст. Кај нешто помалку од седум отсто од анкетираните не се пронајдени доволно симптоми за дијагностицирање на суво око.

Утврдено е дека 97 отсто од децата со таква состојба во просек користеле смартфон повеќе од три часа дневно. Другите во просек со тој уред се користеле 37 минути дневно во просек.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

БиХ ќе влегува во Гинисовата книга со најголем бурек на светот

Група ентузијасти од Босна и Херцеговина ќе организираат печење на најголемиот бурек во светот со ...

Бремената Џесика Алба е магнет за погледи, дури и во најлежерно издание

Актерката Џесика Алба која во моментов го очекува нејзиното трето дете, не мора да биде ...

Close