Управниот суд ги заврши седниците по жалбите за вториот круг од изборите – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Управниот суд ги заврши седниците по жалбите за вториот круг од изборите

Во Управниот суд одржани се сите седници по жалбите поднесени за вториот круг од локалните избори. Во тек е изготвувањето на одлуките кои како ќе бидат готови, така ќе се објавуваат на веб страницата – пренесе Македонската информативна агенција.

Веќе е објавена одлуката по тужбата од Народното движење на Македонија која се отфрла како неоснована.

До Управниот суд беа поднесени 16 тужби. Единаесет од нив беа поднесени од Алијанса на Албанците, четири од движењето „Беса“ и една од Народно движење за Македонија.

Претходно, Државната изборна комисија на седница ги отфрли сите приговори поднесени за вториот круг од локалните избори.

Би те интересирало и

Велика Британија ќе бара од ЕУ да и’ врати пари за системот „Галилео“

Британската Влада се подготвува да побара една милијарда фунти од Европската Унија, за нејзиното учество ...

Француската Влада нареди дислокација на 2.300 мигранти од Париз

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колон нареди дислокација на околу 2.300 мигранти сместени во ...