Ураганот Офелија ја зеде првата жртва

Ирската државна телевизија извести дека една жена настрадала откако дрво паднало врз неа.

Несреќата се случила во Ватерфорд, јавува „РТЕ њуз“. Репортер од телевизијата веста за загинатата жена ја објавил на својот твитер-профил, а  објавил и видео на кое се гледаат ударите на брановите предизвикани од ураганот.

Ураганот корне дрвја, а околу 120.000 домаќинства се без струја, пренесува „Ројтерс“.

Како што се наведува, од ураганот се создале бранови со висина од 10 метри.

Во текот на ноќта Офелија ослабна од ураган во категорија бура, а ударите на ветрот достигнуваат брзина од 176 километри на час.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Северна Кореја забрани забави со музика и алкохол

Северна Кореја создаде систем во кој државните медуми секојдневно информираат за економските проблеми со кој ...

Хаг пресуди : Доживотен затвор за Ратко Младиќ

Хашкиот трибунал денеска му изрече доживотна казна затвор на поранешниот воен командант на босанските срби ...