Урната бесправно изгрдена џамија

Во белградската населба Земун Поле ноќеска е урната бесправно изградена џамија од страна на Исламската заедница, јави телевизијата N1.

фото: архива

Според телевизијата, акцијата за уривање почна 03:00-04:00  изутрината, кога силни полициски сили и жандармеријата ја блокираа населбата.

Уривањето почна со експлозија на првиот кат и поткривот на зградата, чија изградба започна во 2014 година, без градежна дозвола. Работите повеќе пати се запирани, но градбата продолжуваше илегално, без дозвола, јавува ТВ N1.

Уривањето траеше два часа. Во меѓувреме, на лице место  пристигнаа и претставници на Исламската заедница.

Уривањето на верскиот објект во Земун Поле беше планирано за денес, но, тоа привлече голем број на граѓани, кои сака да го спречат уривање.

Според N1, за бесправно изградениот верски објект следната недела требаше да разговараат претставници на Исламската заедница во Србија и на градските власти.

 

Би те интересирало и

Слободан Праљак му понудил отров и на Ратко Младиќ

Хрватскиот генерал и лидер на босанските Хрвати, Слободан Праљак кој се отру со цијанид во судницата ...

Босански музеј на воено детство ја освои наградата за најдобар музеј во Европа

Во само една година, мал босански музеј посветен на детството во време на војна, ги ...