Урнат ноќниот клуб „Реина“ во кој во напад на ИД на Нова Година беа убиени 39 лица

Денеска е урнат познатиот истанбулски ноќен клуб „Реина“, во кој во напад на Исламска држава, на Нова Година, загинаа 39 лица – информира весникот „Хуриет“. Извор, близок до клубот, изрази изненадување од уривањето.

„И за нас ова е неочекувана ситуација. Уривањето на клубот траеше речиси 45 минути“, изјави изворот.

Во нападот во истанбулскиот ноќен клуб „Реина“, на 1 јануари, беа убиени 39 лица, главно туристи од арапските земји. Одговорноста за овој напад ја презеде Исламска држава, а полицијата на 16 јануари го приведе осомничениот извршител на нападот – Абдулгадир Машарипов, државјанин на Узбекистан.

Би те интересирало и

Бурата исфрли мина на плажа во Дубровник

Во текот на ноќта на плажата Бање во Дубровник морето исфели противбродска мина од Втора ...

Покрената истрага против шест офицери на поранешна ЈНА во Хрватска

Против шест пензионирани офицери на поранешна ЈНА осомничени за рекетирање на Бански двори во 1991 ...