Уролог породи жена за време на лет од Париз до Њујорк – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Уролог породи жена за време на лет од Париз до Њујорк

Откако екипажот на авионот побарал помош од лекар, Хемал сфатил дека би можел да ѝ биде од корист на 41-годишната Тојин Огундип.

Доктор Сиј Хемал (27) на летот на компанијата „Ер Франс“ од Париз до Њујорк ја породил жената која на светот го донесе момчето Џејк.
Хемал во текот на летот планирал да се опушти и да гледа филм, да испие чаша шампањско и да спие, но поради нестрпливото бебе, ништо од тоа не се случило.

Откако екипажот на авионот побарал помош од лекар, Хемал сфатил дека би можел да ѝ биде од корист на 41-годишната Тојин Огундип, која добила контракции.

– Се жалеше на болки во грбот. Беше покриена со ќебе и во прв момент не можев да видам дека е бремена. Прво помислив дека во прашање е камен во бубрегот, но кога ми рече дека е бремена и кога ми ги опиша болките, сфатив дека станува збор за контракции. Кога растојанието помеѓу контракциите се намали на само две минути, ми беше јасно дека ќе се породи во авионот – изјавил Хемал за Си-ен-ен.

Итното слетување на авионот би барало двочасовно свртување во американската воена база на Азорските Острови, па наместо тоа персоналот ја префрлил трудницата во првата класа, каде што имало помалку патници и повеќе простор, а до аеродромот ЈФК останале четири часа од летот.

Иако Сиј Хемал е уролог, ова било негово осмо породување.

– Бев опуштена бидејќи знаев дека сум во добри раце. Направија сè што би направиле лекар и бабица да бев во болница. Можеби и повеќе од тоа – рекла Огундип, која се породила на 17 декември.
Мајката и бебето биле префрлени во болница веднаш по слетувањето, а веста била објавена еден месец подоцна. Мајката била 39 недели бремена.

– Обучени сме да останеме мирни и јасно да размислуваме во вонредни ситуации. Само се обидував да не размислувам за она што би можело да тргне наопаку и да изнесам креативно решение – рекол д-р Хемал, кој во текот на својата практика породил седум бебиња, изјавил за „Дејли мејл онлајн“.

Тој рекол дека неговиот најголем страв е дека мајката можела да умре од крвавење или шок по раѓањето.

Но сега, гледајќи од оваа дистанца, лекарот рекол дека сè се одвивало колку што е можно добро во такви услови.

– Помислив дека само ќе се напијам една чаша шампањско и ќе заспијам. Како што се покажа, мило ми е што не се напив ништо – рече лекарот.

Извор: ПлусИнфо

Би те интересирало и

Не чувајте го мобилниот телефон во задниот џеб

Луѓето најчесто го чуваат мобилниот телефон во задниот џеб од панталоните, што е погрешно, зашто тие ...

Како би изгледале светските лидери со доколку би имале кул фризури (галерија)