УСАИД ја додели Наградата за младинско граѓанско учество

Американската агенција за меѓународен развој ја додели Наградата за младинско граѓанско учество, за млади кои минатата година покажале силна посветеност и презеле активности за позитивни промени во општеството.

Комисијата на УСАИД за селекција, одлучи Наградата за 2016 година да ја добијат младиот поет и активист со даунов синдром, Александар Матовски Цако, готвачот Антонио Ѓорѓевски и Културната младинска акција од Крушево.

Според УСАИД, Цако преку својот општествен ангажман го подобрува статусот на лицата со Даунов синдром, а Ѓорѓевски активно ја промовира стручната обука за младите, со што придонесува да се намалат социјалните пречки во однос на родовите улоги.

Во своето јавно обраќање на доделувањето во Сули Ан, директорот на мисијата на УСАИД во Македонија Џејмс Стајн, рече дека ваквиот настан ја покажува важноста на граѓанското учество предводено од младите луѓе во Македонија и ги охрабри и останатите да се приклучат кон заложбите за подобрувања во заедниците и во општеството:

„Младите луѓе треба да играат важна улога во развојот на македонското општество. Нивната посветеност треба да биде поддржана. УСАИД  силно го поддржува младинскиот ангажман во македонското општество и со оваа награда сакаме да  им оддадеме признание за позитивните промени што се направени.  Годинашниве добитници покажаа дека со упорност може да се придонесе за подобра Македонија“.

Инаку, Проектот на УСАИД за граѓанско учество е петгодишен проект кој има за цел да се јакне капацитетот на граѓанските организации и младинските групи за унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промовирање на доброто управување и придонес кон подобрување на животниот стандард во Македонија.

Додади коментар

Би те интересирало и

ЗАХАРИВ под сомение за 33.000 евра

Нема информации каде отидоа 25.000 евра наменети за граѓанските организации и 8.000 евра за социјални ...

МПЦ-ОА: По полувековно опстојување, се ближи времето за признавање на македонската црковна реалност

Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА во пресрет на централната прослава по повод 50-годишнината ...

Close